ХИТ-ПРЕТСТАВАТА „ХОТЕЛ 88“ ОДЛОЖЕНА ЗА ФЕВРУАРИ, ЕДЕН ОД ГЛУМЦИТЕ СЕ РАЗБОЛЕЛ

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Српската хит-претстава „Хотел 88″, која требаше да се игра денеска (30 ноември) во Националната опера и балет, е одложена за февруари 2025. Ваквата одлука била донесена поради болест на еден од глумците, објави „Јес продукција“.

Во претставата, која досега била изведена повеќе од 500 пати, играат Тамара Крчуновиќ, Јелисавета Орашанин-Теодосиќ, Андрија Кузмановиќ и Владимир Алексиќ, а режисерка е Сташа Копривница.

Дејството се одвива во луксузен хотел, каде што младата брачна двојка Виктор и Ана доаѓа на романтично патување и запознава уште еден млад брачен пар, Сандра и Марко. Во текот на една ноќ, нивните животи ќе доживеат урнебесни промени.