ИГОР СЕКОВСКИ ПРЕТСТАВУВА ДЕЛА ИЗРАБОТЕНИ ОД ПАРАФИН НА ИЗЛОЖБАТА „СТОПЕН ГРАД“ ВО ЧИФТЕ АМАМ

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

„Стопен град“ e насловена изложбата на уметникот Игор Сековски, што ќе се отвори утре (14 ноември) во 20 часот во Чифте амам, објект на Националната галерија на Република Северна Македонија. Сековски, кој е доцент на Факултетот за ликовни уметности во Скопје, се претставува со дела изработени од парафин.

Кураторка на изложбата е Ана Франговска.

„Со проектот ‘Стопен град‘, Сековски го продолжува своето истражување на градот како жив, чувствителен и нестабилен организам. По делата посветени на урбаните трансформации, овојпат фокусот е насочен кон климатските промени и нивното влијание врз материјалната и човечката кревкост. Серијата парафински објекти го претставува градот во состојба на топење  како метафора на архитектонскиот поредок под притисок на топлина, загадување и ентропија. Стопените структури асоцираат на надреални урбани пејзажи во кои границите меѓу стабилност и распад, реалност и имагинација, стануваат флуидни. ‘Стопен град‘ ја претвора уметноста во лабораторија на топлината и кревкоста, прикажувајќи го топењето како физички и емоционален процес“, вели Франговска во најавата на иаложбата.

(Фото: Р. Јанкулоски)