ИЗБРАНИ ФИНАЛИСТИТЕ НА КОНКУРСОТ ЗА НАЈСМЕШНА ФОТОГРАФИЈА НА ЖИВОТНИ

Лондон, (Форбс)

„Заштита низ натпревар“ е мотото на меѓународниот конкурс за најсмешна фотографија на животни (Comedy Wildlife Photography Awards), што веќе петта година го организираат Британците Пол Џојнсон-Хикс и Том Сулам.

Тие ги повикуваат учесниците не само да покажат дека се талентирани фотографи, туку и да придонесат за заштитата на природниот свет, врз кој сите ние, сакале и нејќеле, имаме одредено влијание. Нагласуваат дека животните се загрозени и дека таа вест мора да се шири што е можно повеќе.

Тие ги објавија фотографиите кои влегоа во завршниот круг, а победниците ќе бидат објавени на 13 ноември.