Мачорот Лери одбележа 15 години како официјален ловец на глодари на британската влада и неофицијален „прв мачор“, со оглед на тоа дека живее на Даунинг стрит 10 во мандатите на шестмина премиери.
„Рејтингот на одобрување на мачорот Лери ќе биде многу висок. Премиерите обично не ги достигнуваат тие бројки. Тој претставува стабилност, а тоа е нешто што е исклучително вредно“, изјави Филип Хауел, професор на Универзитетот Кембриџ кој ја проучувал историјата на односите помеѓу луѓето и животните.
Сиво-белиот мачор бил посвоен од лондонско засолниште за кучиња и мачки од тогашниот премиер Дејвид Камерон. Лери дојде во Даунинг стрит 10 на 15 февруари 2011.
Според веб-страницата на владата на Обединетото Кралство, неговите должности вклучуваат „пречекување гости, проверка на безбедносните мерки и тестирање на квалитетот на мебелот за дремење“.
(Фото: АП)