Семејството Бус постигна договор за продажба на мнозинскиот пакет акции на Лос Анџелес Лејкерс, во зделка вредна десет милијарди долари, а конечната сума би можела да биде и поголема. Ова е најскапата продажба на американски спортски тим во историјата.
Џери Бус го купи еден од најпознатите спортски тимови на светот во 1979 за 67,5 милиони долари, а сега склучи договор со извршниот директор на компанијата „ТВГ глобал“, Марк Волтер, кој е сопственик на бејзбол тимот Лос Анџелес Доџерс.
Волтер стана косопственик на Лејкерс во 2021, кога купи 20% акции.
Во ерата на семејството Бус, Лејкерс 17 пати играше во финалето на НБА-лигата и освои 11 титули. По смртта на Џери Бус во 2013, сопствеништвото премина во рацете на неговите шест деца.
(Фото: АП)