Македонија, како и големи делови од Европа, Азија, Африка и Австралија, ноќеска можеа да уживаат во феноменот на „крвава месечина“ за време на затемнувањето на Месечината.

Кога Сонцето, Земјата и Месечината се порамнуваат, сенката што ја фрла планетата врз нејзиниот сателит ја прави да изгледа морничаво црвена. Луѓето во Азија, особено во Кина и Индија, имаа најдобар поглед на целосното затемнување, додека над Европа беше делумно.
Последното целосно затемнување на Месечината беше во март годинава, а пред тоа се случи во 2022.
Фото: К. Попов





