ПОЕЗИЈА ОД 30 СОВРЕМЕНИ ГРЧКИ АВТОРИ ПРЕВЕДЕНА НА МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК ОД „ПРОЗАРТ МЕДИА“

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Издавачот „Прозарт медиа“ ја објави поетската книга „30 современи грчки автори“, превод на 30 песни од автори од Грција, во избор на издавачката куќа „Вакхикон“. Според нејзиниот уредник Несторас Пулакос, ова е збирка што ќе ја долови богатата поетска продукција, но и ќе ги прикаже трендовите на поетската сцена во Грција. Препевот е на Петар Андоновски.

„Книгата ’30 современи грчки автори’ е место каде што се нанижани звуци и тишини, врската помеѓу тајната и времето и фактот дека луѓето насекаде се сакаат и мразат на ист начин. Прочитајте 30 грчки поети како пеат за товарот на осаменоста, удавените зборови и претопувањата на осаменоста со кожата“, вели уредникот на „Прозарт“, Дејан Трајкоски.

Книгата е објавена со помош на амбасадата на Грција во Скопје и издавачката куќа „Вакхикон“.