„ПРИКАЗНАТА ЗА СИЛЈАН“ НА ТАМАРА КОТЕВСКА ГО ОТВОРИ НОВОТО КИНО ВО СКОПСКО ДРАЧЕВО

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)
Со проекција на документарниот филм „Приказната за Силјан“ на Тамара Котевска, вчера се отвори новото кино „Киноверзум“ во Домот на културата во скопско Драчево. На проекцијата беа режисерката Тамара Котевска и продуцентот Јорданчо Петковски.
„Приказната за Силјан“ беше македонски кандидат за Оскар и е добитник на повеќе награди на реномирани светски филмски фестивали. 
Киното во Драчево е петто во мрежата на „Киноверзум“ во Македонија (Фото: Општина Кисела Вода)
Ова е петто кино „Киноверзум“ во Македонија, а второ во Општина Кисела Вода.
„По Штип, Велес, Свети Николе и првото кино во Кисела Вода, сега и Драчево добива филмска сцена со најсовремени технички услови. Опремено со ласерски кино-проектор и врвен систем за звук, на посетителите им ги нудиме најактуелните светски филмски хитови по најпристапни цени. Веќе од утре, на редовниот репертоар во Драчево се филмовите ‘Свадба’ и ‘Оркански височини’“, рече Михаела Ѓорчева, основачка на „Киноверзум“.