Научници ѝ дадоа име Дабл Дејв на ретка двоглава змија, која беше пронајдена во шума во американската сојузна држава Њу Џерси.

Малата ѕвечарка беше откриена минатиот месец од двајца членови на Херпетолошката асоцијација по име Дејв и отровната змија долга 25 сантиметри има две целосно оформени глави, четири функционални очи и два јазика.

„Двете глави на Дабл Дејв функционираат самостојно една од друга и на вакво суштество би му било тешко да преживее во дивина, бидејќи поради својата состојба, бавно би се движело и би било лесен плен“, изјави Дејв Шнајдер.

Кај двоглавите змии, една е најчесто послабо развиена од другата и се тепаат за храна, не сфаќајќи дека се дел од ист дигестивен систем. Ова во биологијата е познато како полицефалија и се создава на сличен начин како споени близнаци. Кај змии се појавува еднаш во 100.000 случаи.