ШЕЕСЕТ ТЕАТАРСКИ УМЕТНИЦИ ОД 28 ЗЕМЈИ УЧЕСТВУВААТ НА СОБИРОТ НА ЕУРОДРАМ ВО СКОПЈЕ

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Во Скопје вчера (27 ноември) започна Генералното собрание на Еуродрам, Европската мрежа за драма и превод, со кое се одбележува 25-годишнината од нејзиното основање. На настанот учествуваат 60 гости од 28 земји, меѓу кои драмски автори, режисери, преведувачи, драматурзи и издавачи.

Свеченото отворање ќе се одржи вечерва (28 октомври) од 20 часот во Театар Комедија, пред изведбата на претставата „Ивона, принцезата од Бургунд“. Ќе бидат промовирани две изданија посветени на македонската драматургија, а основачот на Еуродрам, Доминик Долмие, ќе добие признание.

Во програмата се предвидени сценски читања, преведувачка работилница, панел-дискусии, промоции на книги и шест театарски претстави. Покрај „Ивона, принцезата од Бургунд“ на Театар Комедија, ќе се играат и „Слепци“ на Турски театар и „Ало, ало!“, „Избраниот“ и „Пар распар“ (фото) на Театар Комедија. Сите претстави ќе се изведат во Театар Комедија со англиски титлови.

На 29 октомври ќе им бидат врачени признанија на македонските автори Владимир Јанковски, Митко Чешларов и Драгана Лукан Николоски, чии драми се избрани од Еуродрам за 2026 година.

Настаните ќе се одржуваат во Театар Комедија, Европска куќа, „Лабораториум“ и книжарницата „Литература.мк“ во „Дајмонд мол“.