Со изложба на дела од архитектот Петар Намичев, велешкиот Народен музеј ги одбележува Европските денови на кулутурно наследство. Темата годинава е архитектурата, па токму затоа е поставена изложбата „Велешките куќи“, со дваесетина цртежи работени во туш на хартија. Преку нив се доловуваат културното наследство и богатство на градот, иако повеќето од куќите денес се во лоша состојба или се разрушени.
„Намичев е по професија архитект, предава на факултетот во Штип. Неговите родители потекнуваат од Велес, па затоа добро ја познава велешката архитектура. Неговата фасцинација од детството ја има преточено во овие дела, кои се работени во периодот 2008-2010 година. Изложбата веќе беше претставена во Велес во 2010. Авторот сега издвои 20-ина дела, ги селектираше по негов избор“, кажа Александра Гиовска, кустос и историчар на уметност од Народен музеј Велес.
П. ПЕЧКОВ