ТАГНИ ПРИЈАТЕЛ „НА ОДМОР ВО ОХРИД“ – АКЦИЈА НА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ ЗА ПРИВЛЕКУВАЊЕ ТУРИСТИ

Охрид, (СМАРТ СДК.МК)

За промоција на Охрид пред домашните и странските гости, охридското Супер радио во текот на месеците јули и август, кога традиционално е најголем бројот на туристи, иницира акција на социјалните мрежи „Сите во Охрид“. За да се учествува во акцијата, треба да се сподели омилената фотографија од Охрид на сопствениот профил и да се тагираат пријателите кои би сакале да ги поканите ова лето да дојдат во Охрид, велат од радиото.

„Сè што треба да се направи е да се сподели омилената фотографија од Охрид на сопствениот профил и да се тагираат пријателите кои би сакале да ги поканите ова лето да дојдат во Охрид. Истите може да се од Република Македонија, но и надвор од земјата, а целта е да се преплават социјалните мрежи со убавините на градот, но и понудата која е предвидена за ова лето, за сите кои сè уште се двоумат каде да заминат на одмор, да го одберат токму Охрид“, објаснуваат од Супер радио.

„Акцијата ќе ја промовираме преку Фејсбук и во соседните земји од каде најчесто доаѓаат туристи како Бугарија, Србија и Албанија. Треба да се тагираат СИТЕ ВО ОХРИД и „На одмор во Охрид/Na odmor vo Ohrid“ за да ги имаме сите фотографии на едно место. Охрид со сите негови убавини е вистински магнет за туристите, а годинава се најавува и супер атрактивна музичка, спортска и забавна програма, што ќе придонесе градот да биде максимално исполнет во шпицот, а се надеваме и пред и после главната сезона“, додаваат од охридското радио.

Д. ЧУБРИЌ