ТАМАРА ТОДЕВСКА НАЈАВИ ХУМАНИТАРЕН КОНЦЕРТ ЗА ПОМОШ НА СЕМЕЈСТВАТА НА НАСТРАДАНИТЕ ВО ПОЖАРОТ ВО КОЧАНИ

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Тамара Тодевска објави дека ќе организира хуманитарен солистички концерт за помош на настраданите во трагедијата во Кочани. Тој ќе се одржи на 17 април од 20 часот во Младински културен центар во Скопје.

Средствата собрани од продажбата на билетите ќе бидат наменети за семејствата погодени од пожарот во Кочани, во кој загинаа 59 луѓе, а над 200 беа повредени. Тамара ги повикува сите свои фанови и оние кои ја почитуваат македонската музика да бидат дел од овој концерт:

Хуманоста и солидарноста се вредностите кои можат да ја вратат надежта, а се толку потребни за семејствата на починатите и повредените граѓани во трагедијата во Кочани. Во моментите на тага и жалост да останеме луѓе, да пееме македонска музика, да пееме за Кочани“, кажа Тодевска, додавајќи дека наскоро ќе бидат објавени информации за продажба на картите.