Три претстави ќе се играат во Центарот за култура „Бели мугри“ во Кочани во организација на „Европска куќа“, како дел од есенската културна и едукативна програма во градот.
На 25 октомври (20 часот) игра „Синиот портокал“ на театарот „Јордан Хаџи Константинов-Џинот“ од Велес. На 27 октомври од 13 часот на програмата е детската претстава „Црвенкапа“ на Театарот за деца и младинци од Скопје, а на 29 октомври од 20 часот ќе се изведе „Сите прекрасни нешта“ на Народен театар Штип.
Програмата ќе се реализира во соработка со Центарот за култура „Бели Мугри“ во Кочани и „Супорт Кочани“ со цел да се придонесе кон културниот живот во градот.