Утре (25 октомври) од 12 часот, во Музејот на современа уметност (МСУ) во Скопје ќе има тура со водичот Бојана Јанева низ трите самостојни изложби во музејот: „Самостојна изложба на Ибрахим Махама“ (фото), „Билни прилагодувања“ на Оливер Мусовиќ и „Музеј отворен до понатамошно известување“ на Џем А.
Влезницата чини 150 денари. По завршувањето на „МСУ водич“ следи музички блок со Дарко Јорданов.
Кураторка на изложбата на Ибрахим Махама од Гана е Нада Прља, на Мусовиќ – Ивана Васева, а на Џем А. – Јованка Попова и Никола Узуновски.
Фото: МСУ