КАКО ДА ЈА ПОБЕДИШ СТРАСТА КОН БЛАГИТЕ

Лондон, (Хелт)

Познато нѝ е тоа чувство кога не можеме да одолееме на парченце чоколадна торта или на остатоците од роденденот, иако не сме ни малку гладни. Првиот чекор да го победиме овој копнеж е да се освестиме дека нашите физиолошки реакции се тесно поврзани со визуелните стимулации.

Благата храна ги стимулира невроните за лачење на хормонот за задоволство допамин, а потребен е само еден поглед за да се активира тој копнеж.

Еве неколку конкретни начини како да се контролираме кога не обзема несвесната страст за шеќер.

Креирај дистанца

Наједноставно, оддалечи се физички од благите работи. Ако си на работа, нафати се за твојот следен чекор. Ако гледаш кулинарски канал на ТВ, смени го, а ако те заведуваат слики на рецепти од Инстаграм, врти побрзо кога ќе ги сретнеш. Далеку од очите, далеку од умот е добар почеток!

Одвлекувај си го вниманието

Можеби си ги скрил некаде кутиите со колачи, но тие сè уште се во твојата глава. Одвлечи го вниманието што побрзо кон нешто сосема друго. Испрати порака на другар или другарка, прочитај некој интересен текст, јави се на некој. Прави што било што не вклучува седење и размислување за храна.

Пробај само мало парче

Ова функционира само за некои луѓе. Ако тоа мало парче те поттикнува да продолжиш да јадеш уште повеќе, тогаш ова не важи за тебе. Фокусирај се на вкусот во устата, уживај во моментот на дегустирање, дури коментирај гласно колку ти е убаво.

Постави си реалистични планови

Да се одвикнеме од сите благи јадења е речиси невозможно и не е многу реалистичен план. Но, можеш да одлучиш да јадеш по две парчиња неделно за да ги задоволиш желбите, истовремено, придржувајќи се на твоите цели за здрава исхрана.

Создади негативни асоцијации

Ако твојот сигнал се пали со рекламите за меките палачинки или сочните бургери, потсети се на реалноста зад нив: милијарди долари се фрлаат во маркетиншката индустрија само за да предизвикаат копнеж кај луѓето. И дека тоа што го гледаш во реалност се вештачки производи со разни хемикалии и бои, нешто што сигурно не би сакал да го внесеш во твоето тело.

Помисли како би се чувствувал кога би ѝ се предал на страста

Запрашај се со овие три прашања. Дали навистина сакам да го јадам ова? Најверојатно, одговорот е да. Дали ќе чувствувам вина и срам што сум го изел? Да, доколку се прејадам. На крај, повторно одговори на првото прашање. Обично, тука е моментот кога луѓето стануваат свесни дека, всушност, не сакаат да јадат и не вреди да ја расипаат дотогашната дисциплина.

Обезбеди поздрава верзија

Ако ви течат лиги секојпат кога ваш колега на работа ќе отвори чоколадо, тогаш носете темно чоколадо со вкус на портокал или малина. Ако повеќе ве заведуваат печените торти, донесете ваша здрава верзија со јаворов сируп место со рафиниран шеќер. Со тек на времето, ќе видиш дека сè станува навика.