Ако борбата против сувата кожа е ваше секојдневие, посебно во зимскиот период, време е да инвестирате во негата на кожата преку етерични масла, кои ги обновуваат порите, правејќи ја кожата помазна.

При употребата на етерични масла, важно е да се има предвид дека во нив понекогаш постојат состојки кои можат да имаат спротивен ефект, односно да ја исушат уште повеќе вашата кожа. Затоа треба да се внимава при изборот.

Семки од морков

Причината што производите за нега на кожа на база на морков можат да се најдат насекаде е токму затоа што тој е одличен за кожата. Производите со семки од морков можат да се најдат во аптеки, а, исто така, и разни креми за вашето лице.

Гераниум

Маслото од гераниум е најпознато по својствата што даваат сјај на кожата. Тој се состои од антисептични, антибактериски супстанци, па дури и против воспалувања, така што ако додадете неколку капки од ова етерично масло во вашиот дневен лосион, може да има голема позитивна промена. Притоа има и прекрасен цветен мирис!

Равнец

Равнецoт е богато растение, иако речиси непознато. Тоа може да го скрати процесот на настинка и да ја заздрави оштетената кожа. Ако сакате да бидете малку покреативни, подгответе си сами микс од равнец. Додадете 10-15 капки етерично масло во околу 30 грама путер или масло за кожа.

Лаванда

Лавандата изгледа како да е кралица на етеричните масла. Делува на бројни позитивни начини: релаксира, влијае врз добар сон, помага при расчистување на мислите од негативни емоции, итн. Притоа, етеричните масла од лаванда се одлични додатоци во хидратантните креми за дополнителна заштита на кожата. Ставете неколку капки во кокосово масло за посебно релаксирачки третман.

Палмароса

Палмароса е најпрепорачливото масло за сите кои имаат какви било проблеми со кожата. Се состои од високохранливи материи, кои ги регенерираат клетките и ѝ помагаат на кожата при нејзиното природно произведување на масло. Слободно нанесете го на цело тело.

Јојоба

Се работи за природно масло кое има функција на посебен хидратантен производ, како и посебно богато масло за основа на етеричните масла. Јојоба е доста ефективна и против сувата коса, доколку тоа ви претставува проблем оваа зима.