Научниците велат дека ја откриле тајната на варење на совршено јајце. Тоа треба да има кадифена жолчка во комбинација со мека, цврста белка.
Постигнувањето на оваа рамнотежа може да биде предизвик бидејќи жолчката се готви на пониска температура од белката. Од многу варење јајцето може да се добие бледа жолчка, додека при бавно варење на ниска температура можат да се добијат белки кои личат на желе и се недоволно варени.
Истражувачите свариле стотици јајца и користеле математика за да ја решат оваа загатка. Една равенка се занимавала со тоа како топлината патува меѓу плотната и јајцето, а со друга се следело како содржината на јајцето се претвора од течна во цврста состојба, со она што личи на гел во меѓувреме.
Нивниот последен рецепт вклучува префрлање на јајцата во сад на пареа на секои две минути меѓу два сада со вода – една зовриена, другата млака на 30 Целзиусови степени и така вкупно 32 минути, пред да се изладат под млаз вода и да се лупат. Предложениот метод се нарекува периодично варење, при што белките се загреваат и ладат додека целосно не се стегнат, а жолчките се држат на константна температура и се варат додека не станат кремасти.
„Речиси ќе можете да ја намачкате на леб. Ова е побавен процес за подобар резултат“, вели авторката на студијата Емилија ди Лоренцо од универзитетот „Федерико Втори“ во Неапол.
(Фото: АП)