На 13 декември во скопскиот хотел Континентал, од 11 до 20 часот, ќе се одржи четвртото издание на Саемот за храна Слоу Фуд салон 2025. Оваа година, настанот се одржува под мотото „Заедно со природата“, инспирирано од мислата на Алберт Ајнштајн.
„На Саемот на производи на храна ќе може да се истражуваат и вкусуваат локалните и регионалните производители од цела Македонија кои ја негуваат традицијата. Тука е и Салонот на природни пијалоци. На Слоу Фуд Арената ќе се одржат три форуми: ‘Едукација за одржлива иднина’, ‘Агроекологија и Слоу Фуд фарми’ и ‘Слоу Фуд Травел’. Најавени се мастер класови и дегустации, школо за готвење како новитет каде ќе се изучува природната храна и природните процеси, рецепти за ферментирање и подготовка на храна и други активности. Ќе има и детско катче за најмладите, а во него, децата ќе учествуваат во четири креативни работилници кои ќе ги поврзат со природата и храната“, велат организаторите.