УЧЕСНИЦИТЕ НА ЗИМСКАТА ОЛИМПИЈАДА ИЗЕЛЕ ЕДЕН ТОН КАШКАВАЛ И 1.800 МЕТРИ ПИЦА

Милано, (Ројтерс)

За 16 дена од Зимските олимписки игри во Милано и Кортина, спортистите изеле околу еден тон кашкавал грана падано и 1.800 метри пица, изјави извршниот директор на ЗОИ, Андреа Варниер.

Во просек, тие јаделе 60 килограми од овој кашкавал на ден, 365 килограми паста, 10.000 јајца и 12.000 парчиња пица и пиеле 8.000 кафиња.

„Колку да се добие претстава за обемот, ако ги наредиме сите послужавници што се користеа за секој оброк секој ден, тие би формирале кула од 60 километри, околу 18 пати поголема од планината Тофана во Кортина, која е висока 3.225 метри. Тоа е огромна количина храна, неопходна за младите спортисти и големата потрошувачка на енергија во елитните спортови“, рече Варниер.

Секој ден, во Олимпиското село во Милано се подготвуваа до 4.500 појадоци, ручеци и вечери, речиси 4.000 во Кортина и 2.300 во Предацо. Организаторите рекоа дека дизајнирањето на менијата траеше околу една година.

„Освен количината, сите го пофалија и квалитетот на храната што се нудеше“, рече претседателот на Игрите, Џовани Малаго.

(Фото: АФП)