Двократната оскаровка Хилари Свонк објави дека родила близнаци, машко и женско бебе, станувајќи мајка на 48 години. Среќната вест ја објави за Велигден, споделувајќи фотографија на која ги држи близнаците.
„Не беше лесно, но вредеше. Среќен Велигден! Објава од чистиот рај“, напиша Свонк на Инстаграм.
Таа во октомври откри дека чекаат не едно, туку две деца со својот сопруг Филип Шнајдер, со кого е во брак од 2018. Тие се запознаа две години порано, набргу откако Свонк ја раскина свршувачката со тенисерот Рубен Торес.
(Фото: Гети)