Хилари Свонк објави дека е бремена со трето дете на 52 години. Актерката ја сподели веста на Инстаграм, три години откако стана мајка на близнаци.
Свонк и нејзиниот сопруг, бизнисменот Филип Шнајдер, со кого е во брак од 2018, го очекуваат новиот член на семејството во декември.
„Многумина ме прашуваат кој е мојот следен проект. Овој ќе биде објавен во декември“, напиша актерката на Инстаграм.
Свонк ги роди близнаците Аја и Ом во април 2023 на 48 години. Таа во повеќе интервјуа отворено зборуваше за мајчинството во подоцнежните години од животот. По раѓањето на близнаците кажа дека патот до мајчинството не бил лесен, но сето тоа вредело.
Хилари Свонк е добитничка на два оскара за најдобра женска улога, за „Момчињата не плачат“ (1999) и „Девојка од милион долари“ (2004).
(Фото: Гети)