Македонскиот уметник Сатја Грабулоски дизајнираше нови патики за познатиот американски диџеј Стив Аоки. Тој ги промовираше патиките на трката од Формула 1 во Лас Вегас, каде што пушташе музика на самата патека.
Ова е нивната петта соработка, односно петти патики со потписот на „SWithaDot“ што ги носи Аоки.

„Стив ми е долгогодишен пријател, веќе има доста патики што сме ги правеле за разни прилики, ама ова беше различно бидејќи тој беше ѕвезда на вечерта. Дизајнот на патиките овојпат е инспириран од неговиот албум и од аниме цртаниот што самиот го креираше. По ова, патиките ќе одат на аукција“, вели Сатја Грабулоски за новата соработка со Аоки.