Шеснаесетгодишниот Лука Мијатовиќ ќе биде најмладиот пливач од Мајкл Фелпс кој ќе ги претставува САД на светско првенство. Мијатовиќ, кој е роден во Калифорнија, но има српско потекло, се најавува како нова американска пливачка ѕвезда, што треба да дојде до израз на Олимписките игри во 2028.
Тој беше втор на 400 метри слободно на националните квалификации, што му донесе пласман на СП во Сингапур, што ќе се одржи во јули и август. Мијатовиќ, кој наполни 16 години на 22 април, притоа ги собори американските рекорди на Мајкл Фелпс на 200 и 400 метри слободно во својата возрасна категорија.
Според Светската пливачка федерација, Мијатовиќ го држи најдоброто време на светот на 200 метри слободно во категоријата на 16-годишници, а на 400 метри, само легендарниот Австралиец Ијан Торп бил побрз на таа возраст.