Ана Петановска, Џон Илија Апелгрен, Полина Тасева, Калина Велковска и „Свингерси бенд“ ќе бидат музички гости на традиционалниот Виенски бал во Скопје кој ќе се одржи на 18 април од 19.30 часот во скопскиот хотел „Александар Палас“.
Како специјални гости ќе настапат членовите на Националниот џез оркестар.
Балот годинава е со хуманитарен каратктер и се одржува по јубилеен, 25 пат. Традиционално, ќе свири оркестарот на „Јохан Штраус“ со кој ќе диригира Бисера Чадловска.
Најавен е и настап на балетските солисти Димитро Чеботар и Саша Ефтимова која е и кореограф на танцовоте точки. Нстапува и танцовата двојка за стандардни танци, Бојан и Катарина Лазаревски, а за кореографијата на „Прима Данца“ е на Влатко Павлески. Водителка на балот е Вера Мештеровиќ.
„Прекрасна е иницијативата за поврзувањето со луѓето интеркултурно“, рече Ана Петановска пред настапот.
„Виенскиот бал во Скопје не преживеа случајно. Тој се развиваше, се унапредуваше и остана релевантен“, вели директорот на балот, Оливер Арсовски.
„Јубилејот носи симболика. Ова издание ќе биде повеќе од свечена вечер“, кажа диригентката Бисераа Чадловска.
Балот го организира здружението за културна соработка „Јохан Штраус“ во соработка со Амбасадата на Австрија.