Две седуммесечни близначки станаа интернет сензација, откако нивната мајка почна да објавува снепови на дечињата со различна боја на кожа.
Изабела и Габриела се близначки, кои во секој поглед се многу слични, освен што имаат различна боја на кожа.
Иако Инстаграм профилот за близначките беше отворен во јули, тој веќе има 13.000 следбеници.
Многу од коментарите се позитивни, дека девојчињата се прекрасни и преслатки, меѓутоа мајката откри дека има и такви кои пишуваат навредливи коментари поради бојата на кожата.
Двете близначки имаат и поголема сестра, Анџелина, која, исто така, е популарна на Инстаграм.
Младата мајка им појасни на сите кои имале погрешна претпоставка дека нејзините ќерки се од мешана раса.
„Тие се Афроамериканки, а сините очи се наследени од семејството“, вели таа.