Комичарот Никола Поповиќ-Ниџо ќе биде гостин со свое стендап шоу на настанот Скопје виски фест кој ќе се одржува од 6 до 8 ноември во скопскиот хотел „Мериот“.
Гостувањето на Поповиќ со шоуто „Стручњак за виски“ е на првиот ден од фестивалот, на 6 ноември. На 7 и на 8 ноември од 19.30 ќе се одржат неколку предавања за виски и гостување на диџеи и бендови во живо.На 6 ноември ќе настапи Полина Тасева со својот бенд, на 7 бендот „Саут парк“, на 8 „Вај нот“.
На 7 ноември музика ќе пушта диџеј Алек Сотиров, а на 8 ноември гостува диџеј Гест од Белград. Ова е петто издание на фестивалот кој ќе понуди повеќе изложувачи на виски од светот.
Скопје виски фест по урнекот на светските метрополи започна во 2019, а неговата цел е да го подигне нивото на виски културата кај нас. На претходните изданија гостите пробуваа различни типови на виски со потекло од Ирска, Шкотска, Јапонија и други земји, со куса едукација од изложувачите.