ЏОБ БЕЛИНГАМ ПОТПИША ЗА БОРУСИЈА ДОРТМУНД, СЛЕДЕЈЌИ ГИ СТАПКИТЕ НА ПОСТАРИОТ БРАТ ЏУД

Лондон, (Би-Би-Си)

Борусија Дортмунд постигна договор со Сандерленд за трансферот на Џоб Белингам, чија почетна вредност е 32 милиони евра. Деветнаесетгодишниот играч од среден ред го привлече вниманието низ цела Европа, но одлучи да го следи патот на својот постар брат Џуд, кој се прослави во Борусија, пред да премине во Реал Мадрид.

Џоб Белингам играше за Сандерленд од 2023 и му помогна да се врати во Премиерлигата, при што сезонава беше прогласен за најдобар млад играч во втората англиска лига. Како и две години постариот Џуд, и тој ја почна кариерата во Бирмингем.

Џоб Белингам сега стана вториот најскап играч во историјата на Борусија, по Усман Дембеле. Дортмунд плати речиси 30 милиони евра за неговиот брат Џуд во 2020, што се покажа како полн погодок.

(Фото: Гети)