ДИЗАЈНЕРОТ САТЈА ГРАБУЛОСКИ ДИЗАЈНИРАШЕ ПАТИКИ ЗА НБА КОШАРКАРОТ ЏЕЈЛЕН БРАУН, ГИ НОСЕШЕ НА ОЛ-СТАР МЕЧОТ

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Кошаркарот на Бостон Селтикс, Џејлен Браун, носеше патики дизајнирани од македонскиот дизајнер Сатја Грабулоски на натпреварот од Ол-стар викендот во НБА лигата, што се одржа во Лос Анџелес.

„Патиките се изработени по директна комуникација на Грабулоски со Браун, кој самиот ги даде насоките за уникатните патики што ги носеше. Браун ги носеше овие патики и на официјалното фотографирање на играчите пред нивниот настап“, велат од тимот на дизајнерот.

Џејлен Браун ги носеше патики на натпреварот на најдобрите кошаркари од НБА лигата во Лос Анџелес (Фото: Приватна архива)

„Да соработуваш со еден од најдобрите кошаркари во моментот во светот е уживање, посебно кога се работи и за одличен човек и интелект. Сигурно многу луѓе не знаат, но Џејлен, меѓу другото, е и предавач на Универзитетот МИТ, па неговата љубов кон бројките и космосот се пресликани на еден пар патики кои ги носеше на НБА Ол-стар викендот. Разговаравме и за Македонија, па при некоја следна посета на Европа се надевам ќе го прошетаме низ Скопје“, рече Грабулоски.

Ова не е негова прва соработка со играчи од НБА. Тој направи патики и за Шекил О’Нил, Леброн Џејмс, Никола Јокиќ, Јанис Антетокумпо, Двејн Вејд, Ален Ајверсон, Кармело Ентони, Богдан Богдановиќ и други.