Ед Ширан за првпат призна дека се оженил со својата долгогодишна љубов Чери Сиборн.

Британските медиуми објавија дека двојката се венчала пред Божиќ во присуство на 40-ина пријатели и членови на семејството, но Ширан никогаш не го потврди ова.

Промовирајќи го новиот албум на кој соработува со голем број светски музички ѕвезди, 28-годишниот британски композитор и пејач во едно интервју изјави дека песната „Запомни го името“ се однесува на „жена му“.

„Стиховите за песната се напишани пред да се венчаме. Знаев дека ќе бидеме венчани до моментот кога оваа песна ќе излезе и знаев дека тоа ќе им биде јасно на сите кога ќе ја чујат песната“, кажа Ширан.

Тој и 26-годишната Чери се заедно уште од основно училиште и лани објавија дека се свршиле.