КАЛУМ ТАРНЕР Е НАЈНОВ ФАВОРИТ ЗА УЛОГАТА НА ЏЕЈМС БОНД

Лондон, (Индипендент)

Триесет и петгодишниот британски актер Калум Тарнер е најновиот фаворит за улогата на Џејмс Бонд, пренесуват британските медиуми.

„Дејли мејл“ објави неофицијални информации дека Тарнер „раскажал на сите страни низ градот“ дека е избран за улогата на агентот 007 и дека „сите во неговиот круг зборуваат за тоа“. Изворот вели дека во план е, неговата свршеница Дуа Липа, да ја сними насловната песна за Бонд.

Сепак, како што пишува „Индипендент“, изборот на Тарнер не изгледа толку неверојатен. Откако Даниел Крег го сними својот последен  Бонд-филм во 2021 практично секој англиски, шкотски, ирски или австралиски актер на возраст меѓу 25 и 40 години беше споменуван како можна замена.

„Но, и покрај сите  шпекулации дека тоа ќе биде Тео Џејмс (со 41 година, малку престар), или Џек О’Конел (премногу интересен), или Арон Тејлор-Џонсон (по неговото неуспешно Марвел-остварување ‘Kraven the Hunter’, со премногу мирис на неуспех), името на Тарнер е првото што навистина делува ‘вистинско’ за оваа улога.

Да зборуваме отворено, Тарнер е познат и зафатен, но не премногу познат и не премногу зафатен. Бонд е незгодна улога за пополнување затоа што, на крајот, и не е толку посакувана за млад актер: со потпишувањето се врзувате за една франшиза со години, одеднаш ќе добиете огромна мета на грбот во однос на публицитетот и славата, и постојано ќе ве споредуваат со шестемина мажи што биле пред вас.

Токму поради тоа никогаш не делуваше реално да се туркаат имиња како Џош О’Конор, Пол Мескал, Харис Дикинсон или Џејкоб Елорди како можни Бондови. Искрено, тие едноставно се премногу зафатени на други места“, пишува британски „Индипендент“.

Досега е познато дека Стивен Најт, авторот на ТВ-серијата „Пики Блајндерс“ ќе го пишува сценариото за новиот филм за Џејмс Бонд, а  ќе го режира фрацуско-канадскиот филмаџија Денис Вилнев од „Дина“.

(Фото: Гети)