КЕЈТ ВИНСЛЕТ ЌЕ ИМА ГЛАВНА ЖЕНСКА УЛОГА ВО НОВИОТ ФИЛМ „ГОСПОДАР НА ПРСТЕНИТЕ“

Лос Анџелес, (Дедлајн)

Кејт Винслет ќе се придружи на екипата на новиот филм „Господар на прстените“, во, како што кажаа извори за сајтот „Дедлајн“, главна женска улога. Режисер на „The Lord of the Rings: The Hunt for Gollum“ ќе биде Енди Серкис, кој во оригиналната трилогија го глумеше Голум.

Изворите велат дека Серкис и Питер Џексон долго време ја убедувале Винслет да глуми во филмот, што значи дека таа ќе мора да се пресели во Нов Зеланд заради снимањето на нејзините сцени од крајот на мај до октомври. Серкис ќе ја повтори улогата на Голум, а се враќаат и Илајџа Вуд како Фродо Багинс и Ијан Мекелен како Гандалф.

Новиот филм го следи опасното бегство на Арагорн за да го фати Голум пред суштеството да му ја открие локацијата на Прстенот на Саурон. Приказната, која во голем дел се развива од фуснотите на Толкин, се одвива меѓу „Хобит“ и „Дружината на Прстенот“.

Серкис веќе започнал со претпродукцијата на филмот, а снимањето ќе почне во мај.

(Фото: Би-Би-Си)