КРИСТИЈАН БЕЈЛ И ЛЕОНАРДО ДИКАПРИО ЌЕ ГЛУМАТ ВО ПРОДОЛЖЕНИЕТО НА „ЖЕШТИНА“

Лос Анџелес, (Вараети)

Кристијан Бејл потврди дека ќе му се придружи на Леонардо ДиКаприо во продолжението на култниот криминалистички трилер „Жештина“ (Heat), што исто така ќе го режира Мајкл Ман. Снимањето треба да почне во август, додека премиерата се најавува за крајот на 2027.

Оригиналниот филм „Жештина“ од 1995 ја донесе првата соработка на Роберт де Ниро и Ал Пачино по „Кум 2“ од 1974, а во една од главните улоги беше и Вал Килмер. Новиот филм треба да биде и приквел и продолжение на оригиналот.

Покрај Бејл и ДиКаприо, во актерската екипа е потврден и Адам Драјвер, додека засега не е најавено враќањето на Де Ниро и Пачино.

Филмот ќе се снима на пет континенти, а како локации се потврдени Чикаго, Лос Анџелес, Лас Вегас, Сингапур и џунглите на Јужна Америка.

(Фото: Гети)