ПРЕМИЕРА НА „ВРАЌАЊЕТО НА ЖИКИНА ДИНАСТИЈА“ ВО СКОПЈЕ

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Вечерва (11 декември) од 19:30 часот во скопското кино Синеплекс ќе се одржи премиера на српскиот филм „Враќање на Жикина династија“, продолжување на популарниот серијал од 1980-тите. Филмот ќе биде на редовен репертоар од утре.

Во главната улога е Никола Којо, кој го играше виолинистот Миша Павловиќ, внукот на Жика Павловиќ и Милан Тодоровиќ. Во приказната овојпат се и неговите синови, правнуците на легендарните Жика и Милан, кои ги носат нивните имиња. Во улогата на нивната мајка Наташа се враќа Гала Виденовиќ.

Филмот е во режија на Милан Коњевиќ, по сценарио на Милена Марковиќ.

Марија Павловиќ, како и во претходните филмови, требаше да ја игра Риалда Кадриќ, но таа ненадејно почина пред да почне снимањето во јануари 2021. Владимир Петровиќ ја повтори улогата на Слободан Боба Павловиќ, а игра и Весна Чипчиќ како Елса, неговата маќеа.

Новиот Жика е Никола Брун, додека Милан го игра Гаврило Иванковиќ. Во една од главните улоги е манекенката и водителка Данијела Димитровска.

Филмот на 2 декември имаше премиера во Белград, а во тек е регионалната турнеја.