ПРОДОЛЖЕНИЕТО НА „СУПЕРМЕН“ ИЗЛЕГУВА ВО ЈУЛИ 2027

Лос Анџелес, (АП)

Сценаристот и режисер Џејмс Ган, кој сега претседава со „Ди-Си студиос“ заедно со продуцентот Питер Сафран, сподели на Инстаграм дека новиот филм за Супермен наречен „Man of Tomorrow“ ќе пристигне во кината на 9 јули 2027.

„Супермен“ излезе во јули и имаше уникатен пристап кон популарниот суперхерој, при што е приказна за имигранти. Неговиот Човек од Челик, портретиран од Дејвид Коренсвет, ги избегнуваше клишеата.

Коренсвет и британскиот актер Николас Хоулт, кој го глуми Лекс Лутор, исто така ја споделија веста за новиот филм на Инстаграм.

Супермен“ беше и комерцијален успех. По осум недели прикажување во кината заработи речиси 352 милиони долари во Северна Америка, од кои 122 милиони во првиот викенд.