ТОМ ХЕНКС ЌЕ ГО ГЛУМИ АБРАХАМ ЛИНКОЛН

Лос Анџелес, (Вараети)

Оскаровецот Том Хенкс ќе го глуми американскиот претдседател Абрахам Линколн во филмската адаптација на романот „Lincoln in the Bardo“ од Џорџ Сондерс.

Покрај тоа што ќе ја игра улогата на 16. претседател на САД, Хенкс ќе биде и продуцент на проектот. Режисер е Дјук Џонсон.

Ова не е првпат Хенкс да толкува вистинска историска личност. Ги глумеше астронаутот Џим Ловел во „Аполо 13“, пилотот-херој Челси Саленбергер во „Чудото од Хадсон“ и уредникот на „Вашингтон пост“ Бен Бредли во „Пост“, но првпат ќе игра претседател на САД.

Иако животот на Линколн, од водењето на земјата низ Граѓанската војна и укинувањето на ропството до неговото убиство во 1865, веќе беше обработен на филм, „Lincoln in the Bardo“ се фокусира на односот на Линколн со синот кој починал на 11 години. За филмот „Линколн“ на Стивен Спилберг, Даниел Деј-Луис освои Оскар за најдобар актер

(Фото: Еверет)