Билетите за епскиот филм „Одисеја“ на режисерот Кристофер Нолан почнаа да се продаваат цела година пред премиерата на 17 јули 2026 и веќе се препродаваат за повеќе од 500 долари, откако се распродале во рок од неколку часа од нивното објавување.
Билетите за филмот, чие снимање е во тек, беа пуштени во продажба на 17 јули. Премиерните проекции ќе се одржат низ целиот свет, во одредени градови во САД и Канада, како и во Лондон, Мелбурн и Прага, во киносали опремени со технологијата aјмакс. Некои обожаватели успеале да добијат единечни билети за околу 32 долари. Сепак, до попладнето на 17 јули, билети веќе почнале да се продаваат на страници како „Ибеј“ за многу повеќе, дури и за 500 долари.
Претходниот филм на Нолан, „Опенхајмер“, доби седум оскари и заработи 975,8 милиони долари на светско ниво.
Голем дел од адаптацијата на Хомеровата „Одисеја“ се снима на Сицилија, каде што, според научниците, Одисеј престојувал некое време во 8. пред нашата ера. Други најавени локации за снимање се Велика Британија и Мароко. Главните улоги ги играат Мет Дејмон, Зендаја и Том Холанд.