„ВОРНЕР БРОС“ ЌЕ СНИМА ФИЛМ „ИГРА НА ТРОНОВИ“

Лос Анџелес, (Вараети)

Светот на „Игра на тронови“ конечно доаѓа на големото платно.

„Ворнер брос“ развива филм сместен во фантастичниот свет на Џорџ Р. Р. Мартин, а сценариото го пишува Бо Вилимон, кој работеше на популарните серии „Андор“ и „Куќа од карти“. Режисерот и актерската екипа засега не се познати.

Филмот што ќе ја раскаже приказната за освојувањето на Вестерос од страна на кралот Егон Таргарјен се најавува како голем проект, налик на „Дина“, кој имаше три дела.

Идејата за филмска верзија на „Игра на тронови“ потекнува од 2013, кога креаторите на серијата Дејвид Бениоф и Ден Вајс му предложиле на Ејч-Би-О да ја завршат епската серија со три филма, но биле одбиени од ТВ-мрежата.