Палета на силни бои доминираше на црвениот килим на Оскарите, кои по 98. пат се доделија во Лос Анџелес, а ѕвезди како Ренате Реинсве и Чејс Инфинити воодушевија со впечатливи фустани кои дадоа модерен пресврт на традиционалниот стил на облекување за ваква церемонија.

Реинсве носешe светлоцрвен фустан без прерамки oд „Луј Витон“ со длабок страничен шлиц. За својата прва церемонија на доделување Оскари, Инфинити избра фустан во сирена стил со набори во бледо-лаванда боја, исто така од „Луј Витон“.

За најважната светска филмска вечер некои ѕвезди носеа дизајни што потсетуваа на гламурот на стариот Холивуд.
Роуз Бирн пристигна во безвременски фустан од „Диор“, инспириран од фустанот на Грејс Кели од Оскарите во 1956 година, Џеси Бакли носеше „Шанел“ фустан со светлорозово здолниште и шал во боја на црвен кармин преку рамениците.

„Ова беше многу пошарен црвен тепих од претходните настани во текот на сезоната на награди“, изјави Хејли ЛеСаваж, уредничка во „Мари Клер“.


„Се чувствува како номинираните и презентерите да се опуштаат и навистина влегуваат во празнично расположение за последното големо шоу на сезоната“, додаде таа.
Соодветно на нивниот шарен анимиран филм, актерската екипа на „К-поп ловци на демони“ донесе впечатливи бои на црвениот тепих со своите раскошни фустани.








Насловна фотографија: Деми Мур, Чејс Инфинити, Мајкл Б. Џордан и Џеси Бакли (Фото: Вог)