ХАЛИ БЕРИ МУ ВРАТИ НА ЕЈДРИЕН БРОДИ ЗА БАКНЕЖОТ ОД ПРЕД 22 ГОДИНИ

Лос Анџелес, (Вараети)

Дваесет и две години по нивниот бакнеж на Оскарите, актерката Хали Бери ноќеска (3 март) му врати на Ејдриен Броди, ѕвездата на филмот „Бруталист“.

Бери, која беше презентерка на свеченоста на доделување Оскари, одејќи на црвениот килим го забележа Броди како дава изјава за медиуми и ја искористи можноста да му врати за нивниот сега веќе познат бакнеж од церемонијата во 2003.

„Тоа беше една луда ноќ за него, но и за мене. За да бидам дел од неговиот момент, вечерва морав да му вратам“, се пошегува Бери во изјава за „Вараети“ .

Броди и Бери на Оскарите во 2003 (Фото: Гети)

„Го гледав на забави, но ова беше првпат од таа вечер да го видам некаде на црвениот килим. Тој е номиниран оваа година, го заслужи тоа“, рече таа.

Броди во текот на вечерта го доби својот втор Оскар за најдобар актер.

Двајцата првпат се споија на сцената на Оскарите во 2003, кога Бери му ја врачи на Броди статуетката за најдобар актер за неговата изведба во „Пијанист“. Кога Броди излезе да ја прими наградата, ја прегрна Бери и бакнувајќи ја, ѝ рече: „Се обложувам дека не ти кажале дека ова е во торбата со подарок“.

Бакнежот и шокираната реакција на Бери останаа меѓу највпечатливите моменти во оскаровската историја.

(Фото: Шатерсток)