Двократниот добитник на Оскар Ентони Хопкинс ги повика сите кои се борат со зависност да изберат живот и да побараат помош, прославувајќи 50 години трезвеност.
Легендарниот актер, кој наполни 88 години на 31 декември, зборуваше за тоа како сфатил дека му е потребна помош откако речиси загинал возејќи пијан на 29 декември 1975. Во видеопорака споделена на неговата страница на Инстаграм, Хопкинс рече:
„Добив помош и пред 50 години беше крајот. Во тој момент сфатив дека премногу се забавувам. Тоа се викаше алкохолизам. Без да бидам расипувач на забави, само посакувам сите да го изберете животот наместо спротивното“, вели Хопкинс.
Честитајќи им на другите кои го слават закрепнувањето од зависност, тој рече:
„Наполнив 88 години, па можеби направив нешто како што треба“.
Зборувајќи пред група студенти на Универзитетот на Калифорнија во 2018, тој призна дека бил многу тежок за соработка на почетокот на кариерата бидејќи „обично бил мамурен“.
(Фото: Инстаграм)