ЈАНЕ НИКОДИНОВСКИ ЦЕЛ ЖИВОТ ИГРА КОШАРКА, ПА ОСВОИ МЕДАЛ ВО БАДМИНТОН

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Македонските олимпијци на Специјалната олимпијада во Берлин освоија пет медали, од кои едно злато, две сребра и две бронзи.

За Македонија не може да се каже дека е успешна нација во бадминтонот, но токму во овој спорт беше освоен еден од медалите на неодамнешната Специјална олимпијада во Берлин. Јане Никодиновски се закити со бронза и кога зборува за тој момент, во неговиот глас може да се забележи колку тоа било големо изненадување.

Играм бадминтон веќе 15 години, но овој медал дојде сосема неочекувано. Во Берлин настапив само во тој спорт“, вели 38-годишниот Никодиновски, додавајќи дека се наоѓаат партнери за игра, а тренира во скопските спортски сали, во зависност од тоа каде ќе најде место.

Тоа, сепак, не му е прв медал од специјалните олимпијади. Никодиновски е веќе ветеран на овие натпреварувања, вели дека зад себе ги има четири-пет и со медал се враќаше и од Абу Даби и Лос Анџелес.

Неговата прва спортска љубов е кошарката. На последните игри во Абу Даби Македонија имаше тим во кошарка, при што заврши на третото место.

Од мал тренирам и играм кошарка. Имам играно на натпреварувања од светско и европско ниво во Србија, Америка, Атина, Турција…“, вели Никодиновски.

Г. КОНЕВ / Фото: Фејсбук