По повод 30. роденден пак се собраа култните ликови од хумористичната серија „К-15“ и објавија дека ќе имаат заедничко шоу во живо, на 16 мај во салата „Борис Трајковски“.
„Да заокружиме 30 години дружба со едно големо финале и шоу со многу енергија, легендарни скечеви, музика, но и многу нови работи кои веруваме ќе ве насмеат онака како што само ‘К-15‘ може“, велат Бранко Огњановски, Љупчо Бубо Каров и Васко Тодоров, кои се прославија како Миле Паника, Цацко Конопишки и Тошо Малерот.
Во видеото кое го објавија на социјалните мрежи, Огњановски кажа дека се враќаат затоа што многу луѓе го бараат тоа од нив.
Билетите ќе се продаваат од 15 декември преку kupikarta.com, а „К-15“ во свој стил најави неверојатно, спектакуларно, единствено и извонредно шоу.
Првата епизода на „К-15“ се емитуваше на 23 ноември 1994 на тогашната телевизија „А1“.
(Фото: Фејсбук)