Принцезата од Велс Кејт Мидлтон и принцезата Шарлот отсвиреа пијано дует за божиќната служба.
Мајката и ќерката не се појавија во живо на настанот „Заедно на Божиќ“ во Вестминстерската опатија претходно овој месец. Но, нивната изведба на дело од шкотскиот композитор Ерланд Купер беше снимена во замокот Виндзор минатата недела, специјално за настанот што се емитуваше на католички Бадник на телевизија.
Кенсингтонската палата го најави видеото како „специјален дует“.
Принцезата од Велс свиреше само со левата рака, а Шарлот само со десната. Додека настапуваа, беа прикажани снимки од гостите што пристигнуваат за божиќната служба.
Ова не е првпат Кејт Мидлтон да свири на божиќна служба. Таа како основка учела пијано и теорија на музика.
На инаугуративниот настан во 2021 година, принцезата ја изненади публиката кога му се придружи на пејачот и текстописец Том Вокер на пијано додека тој ја пееше својата божиќна песна „За оние кои не можат да бидат тука“.
Фото: Кенсингтонска палата