Кијану Ривс и Александра Грант се венчале на тајна церемонија во Европа летово, изјавија извори за сајтот „Радаронлајн“.
Шеесет и едногодишниот актер и девет години помладата уметница се запознале во 2009 и биле долгогодишни соработници, пред да ја потврдат врската во 2019.
„Венчавката се случи летово во Европа, беше многу интимна и дискретна. Тие со години зборуваа за тоа, но на крајот се одлучија за нешто што ќе биде само за нив. Кијану и Александра ја ценат својата приватност, па тајна венчавка е нешто што совршено им одговара“, изјави еден извор.
Пријатели на Ривс велат дека Грант станала негова карпа откако му помогнала да ги преброди трагедиите што му го обележаа животот. Ривс порано долго време беше во врска со Џенифер Сајм, од која се раздели набргу откако нивната ќерка се роди мртва во 1999. Две години подоцна Сајм (28) загина во сообраќајна несреќа.
„Мислам дека никогаш нема да се справиш со тоа. Тагата и загубата се работи што никогаш не исчезнуваат. Тие остануваат со тебе“, кажа Ривс своевремено.
(Фото: Мега)