КРИС ПРАТ И ЌЕРКАТА НА ШВАРЦЕНЕГЕР ЈА ДОБИЈА ВТОРАТА ЌЕРКА

Лос Анџелес, (Пипл)

Актерот Крис Прат и Кетрин Шварценегер го добија второто дете. Ѕвездата на „Чувари на галаксијата“ и ќерката на Арнолд Шварценегер објавија дека во саботата им се родила втората ќерка.

Возбудени сме што можеме да го објавиме раѓањето на нашата втора ќерка Елоиз Кристина Шварценегер Прат“, напишаа тие на Инстаграм.

Прат и Шварценегер се венчаа во јуни 2019 и веќе се родители на 21-месечната Лајла Марија. Прат има и деветгодишен син од првиот брак со актерката Ана Фарис.