ЛУКА МОДРИЌ СТАНА ЧЛЕН НА МИЛАН ПО 13 ГОДИНИ ВО РЕАЛ МАДРИД

Милано, (Би-Би-Си)

Лука Модриќ го комплетираше трансферот во Милан, каде што дојде како слободен играч по 13 години поминати во Реал Мадрид. Триесет и деветгодишниот хрватски плејмејкер потпиша едногодишен договор, со плата од три и пол милиони евра.

Модриќ ги одигра последните мечеви за Реал на Светското клупско првенство во САД, откако во мај објави дека заминува од клубот.

„Многу сум среќен што почнувам ново поглавје од мојата кариера“, изјави освојувачот на Златната топка во 2018.

Модриќ го напушти Реал Мадрид како најтрофеен играч во историјата на клубот со освоени 28 титули во разни натпреварувања. Притоа постигна 43 гола на 597 натпревари. Тој и натаму е лидер на хрватската репрезентација, со која планира да игра и на следното Светско првенство ако се пласира.

Милан ја заврши минатата сезона на осмото место во Серија А и не обезбеди пласман во европските купови.

(Фото: АЦ Милан)