ДЕТСКАТА БАЛЕТСКА ПРЕТСТАВА „ПЕТАР ПАН И ДЕДО МРАЗ“ ЌЕ ИГРА ВО СКОПЈЕ

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

На 24 декември од 17 часот, во салата „Борис Трајковски“ ќе се одигра детската балетска претстава „Петар Пан и Дедо Мраз“. Во март оваа година се одржаа четири претстави во Националната опера и балет во Скопје, а потоа и во Штип, Струмица и Велес.

Сценариото и песните за претставата ги напиша Ристо Самарџиев, режијата и кореографијата се на Ирена Лозинска, а музиката е на Владимир Дојчиновски-Дојчин.

Играат децата од балетското студио „Арт балет“, а организатор е „Прагма продукција“. Билетите се продаваат преку мрежата на kupikarta.com.