МЕ МАЛТРЕТИРАА ВО ШКОЛО ЗАШТО СУМ ЛЕЗБИЈКА, ВЕЛИ НОВАТА МИС АНГЛИЈА ГРЕЈС РИЧАРДСОН

Англија, (Би-Би-Си)

Жена која била малтретирана во училиште затоа што е лезбијка рече дека го остварила својот сон откако стана Мис Англија.

Грејс Ричардсон кажа дека постојано трпела задевања поради нејзината сексуалност додека учела во Лестер, но горда е што го игнорирала негативното. Ричардсон сега е првата лезбијка избрана за Мис Англија, откако беше крунисана на настан во Вулверхемптон и ќе учествува на Мис на светот во 2026.

„Имав 15 години кога се открив. Тоа беше веднаш по ковидот и моите врсници во училиштето навистина не беа добри кон мене, што дефинитивно влијаеше на моето ментално здравје. Ме малтретираа за безброј работи. Како речиси сè што направив да е погрешно. Убаво е што сега можам да станам и да кажам: ‘Погледнете што направив’. Ги игнорирав сите негативни работи и продолжив да ги остварувам моите соништа“, рече Ричардсон.

Дваесетгодишната девојка беше една од 12-те жени кои се квалификуваа за финалната рунда на натпреварот откако победи во категоријата талент. Студентката на Колеџот за сценски уметности во Лестер сега ќе го вее знамето на Англија на Мис на светот, кој треба да се одржи на почетокот од следната година на локација што сè уште не е објавена.

(Фото: Мис на Англија)