Меган Маркл го откри новото име на нејзиниот бренд за животен стил „As Ever“, во пресрет на премиерата на нејзината серија за готвење и градинарство „Со љубов“ на „Нетфликс“ на 4 март.
„Новиот бренд на војвотката од Сасекс ќе прикаже сè што таа сака: семејство, готвење, забава и декорација на домот. Таа е возбудена поради нејзиниот најнов личен потфат. Ова е нешто што таа сака да го прави веќе некое време“, кажа извор за „Пипл“.

Нејзината нова компанија е продолжение на поранешниот блог за животен стил „The Tig“.
„Ако ме следите од 2014, знаете дека отсекогаш сум сакала да готвам и да се занимавам со градинарство. Ќе има и конзервирани овошја, а џемот кој го објавив е мој домашен џем“, рече Меган Маркл, која неодамна се врати на социјалните мрежи.
Брендот на Маркл претходно беше претставен како „American Riviera Orchard“.
(Фото: Гети)